Вечерва, повторно во Македонија Атмосферата значително ќе се дестабилизира, па така на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, објави Славчо Попоски.
Нашата алатка НОТАС, за рано предупредување од појава на невреме, за денес предвидува ниво 3, локално и 4 од највисокото ниво 5.
Тоа значи дека ќе имаме засилен, до опасен ризик од појава на невреме во Македонија, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и појава на град кој би можел да биде и по крупен.
Попоски вечерва објави дека невреме има во битолскиот регион.
Големо невреме со силен град вечерва во Битолско Карамани, напиша Попоски.