Пороен дожд, силен ветер, град: Еве што најавува УХМР во најновата временска прогноза

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се најавува во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден.

Во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Утринската температура ќе биде од 10 до 16 Целзиусови степени, а во текот на денот од 21 до 27 степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Температурата наутро ќе биде 16, а во текот на денот до 26 степени.

За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а на некои места со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде