ВИДЕО Се појави првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

Протече првата снимка од соборениот хеликоптер: „Целосно изгорел“

Потврдено е дека Иранскиот претседател Ебрахим Раиси е мртов откако иранските агенции објавија дека „нема преживеани“ на местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓал лидерот на Иран, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и уште седум лица, пишува Си-Ен-Ен.

Снимките од дрон направени од Црвената полумесечина и пренесени од новинската агенција ФАРС го покажуваат местото на падот на хеликоптерот на стрмна, пошумена падина.

На видеото се гледаат неколку преостанати делови од авионот, се чини дека останала само сино-белата опашка.

Ирански функционер изјави за новинската агенција Ројтерс дека хеликоптерот бил „целосно изгорен“ во несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде