Апсење за дрога на неколку локации во Македонија

Вчера и денеска по полноќ полицијата апсеше за дрога на подрачјето на Скопје. 

– Денеска (22.05.2024) во 03.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.М.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 21.05.2024 во 15.10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 21.05.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија го лишиле од слобода Ф.Р.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде