Објавена мапа: Започна невремето во овој дел од Македонија, еве во кој правец се движи

Во јужниот дел од Скопската Котлина има интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град, информираа пред малку од УХРМ. 

Претходно, имаше предупредување за невреме, особено во источните делови од земјава, каде попладнево ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде