ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски архитект

Почина архитект Миодраг Митровиќ добитник на наградата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2019 година.

Миодраг Митровиќ е роден во 1948 година во Вршац, Србија.

Во Скопје започнува со основно образование кое го завршува во Сараево, каде продолжува и со гимназиското образование, а матурира во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Под менторство на проф. Борис Чипан диломирал на Архитектонскиот факултет Скопје во 1973 година.

По дипломирањето работи во ГП Пелагонија, а по две години преминува во Пелагонијапроект. Во 1980 година се вработува во проектантското биро Мавровопроект.

Во овие големи проектантски организации како дел од голем тим работи на проектирање и реализација на многу објекти во Македонија, Русија и Либија.

Во 1995 година основа сопствено проектантско биро „Метрика“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде