Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарска.
Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ велат дека во 23 часот и 40 минути во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Никола Карев“ во Скопје имало пукање.
Во 23 часот и 45 минути од Градската болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен 24-годишниот Т.А. од Скопје.
Во 23 часот и 51 минута од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени 19-годишниот О.Б. и 29-годишниот А.И. Двајцата се од Скопје.
По укажаната помош А.И. починал 45 минути по полноќ. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.