КАНАЛ 5: Неофицијално ова се мотивите за убиството на младиот пејач во Скопје

Полицијата трага по напаѓачот, кој според информациите, синоќа пред полноќ од мотор во движење отвори оган и го уби 29-годишниот пејач, Амар Исмани на Пластичарската улица во Скопје.

Се трага и по мотивите за нападот, кои неофицијално, се нарасчистени меѓусебни односи. На убиството и претходела физичка пресметка меѓу повеќе лица. Тројца, вклучително и сега убиениот Исмани, биле пренесени во болница.

Пукањето се случило синоќа на Пластичарска улица, 20-тина минути пред полноќ. Убиен бил 29-годишен скопјанец, а две момчиња биле хоспитализирани со тешки повреди.

Исмани починал неполн час по хоспитализирањето во клиничкиот центар Мајка Тереза. Таму со прострелни рани е пренесено и 19-годишно момче, но за сега нема детали за неговата состојба. Вториот ранет во инцидентот, 24-годишен скопјанец, пак, бил примен во болницата „Св. Наум Охридски“ и е во стабилна состојба.

Надлежните веќе отворија истрага за пронаоѓање на сторителите, од самото место се собрани докази кои треба да се вештачат.

29-годишниот Исмани беше популарен кај помладата публика, песните ги изведуваше на албански јазик, а соработувал и со колеги од Косово и Албанија.

Во јавноста беше препознатлив и како влијателен блогер, поседуваше и сопствен Ју туб канал. Неговиот Инстаграм профил го следеле над 300.000 следбеници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде