Едно лице почина на скопските клиники, а уште две лица се повредени. Министерството за внатрешни работи објави детали за пукањето на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.
„На 26.05.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје имало пукање.
Во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје.
Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал“, се вели во информацијата од полицијата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.