Трагична вест го потресе светот: Се обидел да спречи грабеж, застрелан познатиот актер

Џони Вактор (37), актерот најпознат по улогата во долгогодишната сапуница „Општа болница“ („General Hospital“), почина откако беше застрелан за време на грабеж во Лос Анџелес.

Неговата мајка Скарлет ја потврдила неговата смрт за „Ти-ем-зи“, а пренесе „Гардијан“.

Полициската управа во Лос Анџелес подоцна потврди дека Вактор бил застрелан околу 3 часот наутро во саботата, откако се соочил со тројца мажи кои, наводно, се обидувале да украдат катализатор од возило.

Била повикана полиција, а Вактор бил пренесен во локалната болница каде била констатирана смрт.

Осомничените со возило побегнале од местото и не се уапсени, соопшти полицијата. Истрагата е во тек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде