Тешко е повреден и пренесен во болница 42-годишен работник на патот од Штип, откако во него удрило возило, кое потоа се преврте и заврши во ендек од спротивната страна на експресниот пат Штип – Кочани, објави ММС.мк
Возачот (43) од Пробиштип, кој управувал со возилото Сеат, исто така е повреден и е во болница, информираа од СВР Штип.
Сообраќајката се е пријавена во 07.20 и се случила на два километри од клучката од Штип кон Кочани, во близина на ТИРЗ зоната во Штип.
Патот од 07.40 часот е затворен за сообраќај, соопшти АМСМ. Полицијата врши увид.
Ова се првичните информации, додека повеќе детали очекуваме во текот на денот.
Извор и фото: ТВ Стар