Синоќа на улицата позната како „Пластичарска“ се случила масовна тепачка помеѓу повеќе лица.
Како што дознава 24инфо.мк по тепачката почнало пукање од огнено оружје, по што ранети се најмалку три лица.
Во 23.40ч е пријавено дека на бул.Никола Карев има пукање каде има повредени лица.
Во 23.45ч пријавено е дека едно лице со идентитет Т. А. со повреди од огнено оружје е донесено во ГОБ Наум Одридски и е качено во операциона сала.
Во 23.51ч од УЦ е пријавено дека кај нив се донесени 2 лица исто така со повреди од огнено оружје.
Се работи за лицата О. Б. и А.И. од Скопје.
– Во 00.45ч од Ургентен Центар е пријавено дека лицето А. И. е починато, инаку познат пејач, објави 24 Инфо.
Фото: Алсат