Се уште пристигнуваат повредени во Ургентниот центар – нови детали за страшната сообраќајка кај Младеновац

Според последните информации, во Ургентниот центар во Белград се примени вкупно 37 лица кои се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава кај Младеновац.

Како што дознава „Блиц“, повредените се уште пристигнуваат, па ова не е конечната бројка.

Како што пренесува Блиц, најголем дел од повредените имаат повреди на главата, скршеници на носот, забите… Има и неколку лица кои се лекуваат на ортопедија од скршеници.

Да потсетиме, во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава кај Младеновац дошло до директен судир меѓу автобус и автомобил, при што загинал возачот на автомобилот.

Оваа делница од Белград до Младеновац, по наплатната рампа, се уште е целосно затворена за сообраќај и кон Белград и кон Младеновац, но според неофицијални информации, сообраќајот наскоро треба да биде пуштен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде