Славчо Поповски испрати предупредување до сите граѓани: Доаѓа силно невреме!

Пред само неколку денови бевме сведоци на појава на силно невреме во Скопско и Кумановско, а особено во Кумановско крупниот град направи и многу штети, оштетени беа  дури и цели автомобили а обилните врнежи предизвикаа и поројни поплавувања.

Сега постои ризик од ново такво невреме, и тоа за време на викендот, како и во текот на следната недела кога ќе бидеме под влијание на значително потопла воздушна маса на воздухот и тоа со потекло од Африка. Мора да напоменеме дека оваа топла воздушна маса ќе услови натпросечно високи температури на воздухот кој ќе бидат навистина летни и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

За време на овој период во најтоплите централни и југоисточни предели можно е локално температурите да надминат  и 35 степени.

Од друга страна пак, ќе бидеме под влијание на циклонска активност од запад и северозапад на европа и токму ова ќе одржува нестабилна атмосфера кај нас, па така во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на посилно невреме кое може да направи нови штети, особено поради појава на силен ветер и крупен град. Не се исклучува можноста и за локални поројни поплавувања.

И во Скопскиот регион постои можност за нестабилност во попладневните часови и за локално невреме во следниот период, односно за време на овој топол бран за време на викендот и во текот на следната недела.

Апелираме на крајна внимателност во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Невреме ќе го зафати и регионот и ќе услови обилни врнежи и локални поплави во следните денови. Поради присуство на ладен воздух во центарот на овој циклон и на висина, во Алпскиот регион ќе има  и врнежи од снег на самиот почеток од јуни.

Метео анализа на Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде