Драматична полуфинална вечер во Ѕвездите на Гранд: Саша Поповиќ донесе изненадувачка одлука – ова се финалистите

Ниту еден од натпреварувачите не испадна во полуфиналето од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ кое се емитуваше вечерва.

Иако требаше да испаднат четворица натпреварувачи и во главното финале да се пласираат вкупно 16 натпреварувачи, сепак организаторот и директор на Гранд, Саша Поповиќ одлучи никој да не испадне и сите 20 натпреварувачи да се најдат во големото финале кое ќе се одржи следната сабота.

Пред да ја донесе конечната одлука Саша Поповиќ им се обрати на присутните и направи преседан.

„Секој од овие кандидати помина низ 13 круга за да стигне до тука. Сигурен сум дека сите што ја следат „Ѕвезде Гранда“ многу добро го познаваат секој натпреварувач и ова е моментот на одлука.

Одлуката е, нема да има 16 во финале ќе има 17. Каде има 18, а каде има 18 нека одат сите 20 во финале кога толку издржале, гледачите нека одлучат кого сакаат, а кого не а кој ќе биде победник немам срце да исклучувам никого затоа што сите се доволно добри за да одат во финале – рече Поповиќ.

Од македонските натпреварувачи, пласман во финалето обезбедија Андријана Петрушовска од Скопје, Мики Секуловски од Велес и Мелиса Зијадик од прилепско Лажани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде