„Во позадина се слушаше дете кое вика мамо, мамо“: Мајката на Данка Илиќ првпат проговори за анонимниот повик

Поминаа повеќе од два месеци од исчезнувањето на малата Данка Илиќ, за која подоцна беше откриено дека е убиена.

Данка ја усмртија Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, двајцата на возраст од 50 години, кои се вработени во ЈКП „Водовод“ во Бор. Тој ден биле на работна задача и со службеното возило ја удриле малата Данка, по што ја удавиле во автомобилот и ја фрлиле во блиската депонија.

Еден од осомничените, најверојатно со нечија помош, два дена подоцна го преместил телото од депонијата. До денес телото не е пронајдено, а во меѓувреме од пртвор беше ослободен таткото на еден од осомничените.

Мајката на Данка Ивана Илиќ за медиумите раскажа како семејството поминувало низ тешка ситуација при потрагата по детето, но и откако дознале дека е убиено.

Додека потрагата по неа се интензивираше, семејството на Данка Илиќ, покрај сите грижи низ кои поминувале во тој момент, доживеале и емотивен пекол кој ги потресе уште повеќе.

– Ни се јавуваа луѓе од скриени броеви и полицијата се обиде да ги истражи сите повици што ни беа упатени. Еден навистина се издвојуваше, затоа што некој ни се јави таа вечер кога Данка исчезна околу два часот по полноќ, а во позадина се слушаше глас „мамо, мамо“. Тоа не преплаши – изјави мајката на убиеното девојче за Србија Данас.

Полицијата потоа успеала да го истражи и да го следи повикот, за кој се испоставило дека го упатил млад човек кој сакал „да се пошегува“.

Од моментот на исчезнувањето на девојчето, семејството на Данка Илиќ поминува низ разни осуди и напади од луѓе кои креираат разни теории на заговор во кои се обидуваат да го обвинат семејството за тоа што се случило со несреќното девојче, продлабочувајќи ја тагата низ која поминува семејството.

Мајката на девојчето додава дека е шокирана и разочарана од приказните на Борчани кои „шират лаги дека заминала во Германија“.

– Не отидов никаде, тука сум. Седам и чекам каква било информација – вели за порталот Србија Данас, мајката на убиената Данка Илиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде