Трагедија го потресе регионот: Во страотна сообраќајка загина 18-годишна девојка

Од повредите со кои се здоби во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне недалеку од свртницата за Бањско Поље кај Бор, во Општата болница во Бор почина осумнаесетгодишната Л.З., јавуваат утрово тамошните медиуми.

На фотографијата од страшната несреќа која ја објави порталот bor030 може да се види дека предниот дел на автомобилот е целосно уништен.

И покрај сите напори на лекарите да ѝ го спасат животот, таа им подлегна на повредите. Борбата за нејзиниот живот траела 4 часа.

Потешко се повредени уште четири лица кои се наоѓале во возилото „мерцедес“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде