Поранешниот ријалити учесник и пејач Зоки Шумадинац починал од последици на срцеви компликации на 49-годишна возраст.
– Почина синоќа во сон. Заспал и не се разбудил. Имаше проблеми со срцето, доживеал срцев удар – рекол извор за српски „Курир“.
Зоки Шумадинац е роден на 8 август 1975 година во Австрија, а живеел во Горњи Милановац.
Зоки на јавноста ѝ стана познат по неговата песна наречена „Autotune“, која за само неколку недели достигна милион прегледи. Набргу потоа стана учесник во српското реално шоу „Задруга 3“, а потоа и во „Задруга 5“, но не се задржа долго.
Инаку, на Зоки му се слошило во една од сезоните на „Задруга“, а на сè сведочеле и задругарите кои повикале помош.
Зоки тогаш почнал да се тресе и се фатил за главата, а набрзо ја напуштил Белата куќа за да му биде укажана помош. Имал проблеми со срцето и пред тоа веќе преживеал инфаркт.