Полицијата на нозе: Исчезна 22-годишно момче
Полицијата трага по 22-годишен скопјанец, откако вчера татко му пријавил дека се оддалечил од дома.
„На 08.06.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Драчево Х.О.(59) од с.Батинци,скопско пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син А.О.(22).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.