УХМР објави мапа: Влажен бран навлегува во Македонија – еве во кои делови

Според радарската слика слојаста облачна маса проследена со слаби до умерени врнежи од дожд и засилен ветер навлегува на територија на Македонија од страна на Албанија.

Зголемена облачност и на југоистокот од Македонија, објавија од УХМР.

Невреме најави и Славчо Попоски:

Поради продор на значително ладен атмосферски фронт кој ќе пристигне на многу загреана атмосфера и исполнета со енергија, токму поради повеќе дневниот топлотен бран кој ја зафати нашата територија, од попладнево, а особено во текот на претстојната ноќ и утре, на повеќе места низ Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде покрупен.

И во Скопскиот регион очекуваме нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер и тоа во текот на претстојната ноќ и утре. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде