ВОНРЕДНО: Се запали цистерна со метан, полицаец заврши во болница

Во текот на вчерашниот ден се запалила цистерна со метан, која можела да предизвика голема опасност и материјална штета, стои во полицискиот билтен.

На 12.06.2024 во 12.32 часот во СВР Битола било пријавено дека помеѓу с.Логоварди и с.Новаци настанал пожар во објект на фарма за сточна храна и цистерна со метан.

-Притоа, поради вдишување метан во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош бил пренесен полициски службеник од Полициското одделение Новаци.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, информираат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде