Тешка сообраќајна несреќа, две млади лица итно пренесени во болница

Две млади лица се повредени во сообраќајка во велешко. 

Вчера во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат  Велес – Градско,

патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Г.(29) од Велес, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Г., а неговиот сопатник Б.Е.(27) од Велес се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес, информираа од полицијата.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде