33-годишен маж со автомобил прегази малолетник, со тешки повреди итно пренесен во болница

На 19.06.2024 во 17.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Љубо Божиновски – Пиш“ во Тетово патничко возило „опел вектра“

со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(33) од Тетово, удрило во малолетен пешак од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде