Вчера околу 18 часот, од засега непозната причина се случила експлозија во месноста Обровац кај Задат.
Во споменатиот настан, едно дете загина, додека две жени со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Општата болница Задар за понатамошна лекарска помош.
Полициски службеници го обезбедуваат местото на настанот, а по исполнување на сите безбедносни услови ќе започне увидот. За настанот е известено надлежното државно правобранителство во Задар.
– Освен оваа информација, ништо повеќе не можеше да се дознае од полицијата, бидејќи во моментов се создаваат услови за истрага, објавува Јутарњи лист.
Неофицијално се дознава дека експлозијата била на отворен простор, па постои можност да се работи за заостаната мина, но што се случило ќе се знае дури по истрагата.
Слободна Далмација неофицијално дознава дека во експлозијата настрадале туристи, а се работи за чешки државјани.