Страотна несреќа, две лица со тешки повреди пренесени во болница

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, Б.Т.(42) од Скопје,

управувајќи патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во рекламен билборд.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје и неговата сопатничка Л.Т.(72) од Скопје констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде