Фејсбук групата „Бабам Битола“ објави фотографија од девојката која вчера загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи во Грција. Станува збор за 29 -годишна Мартина Н. од Битола родена 1995 година.
„Мартина, чупе златно, мир да си најдиш. Им посакуваме побрзо закрепнување на останатите три битолчанки“, објави „Бабам Битола“.
Министерството за надворешни работи информираше дека Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун е на располагање за помош на семејствата на загинатата и повредените македонски државјани од тешката сообраќајка на влезот во Солун.
На „Инстаграм“ се огласи вереникот на Мартина, која вчера загина во сообраќајната несреќа што се случина автопатот Егнатиа во правец кон Солун.
Неговата потресна објава ви ја пренесуваме во целост.
Со тешко срце и сили сакам да ги известам сите роднини, пријатели, душегрижници, зависници и душмани дека на вчерашен ден во тешка сообраќајна несреќа од страна на грчки душмани животот го одзеде на нашата најчиста душа, мојата вереница, мојата душа и човек со најголеми човечки особини кој денешно време никој ги нема, Мартина. Нема зборови со кои можам да ви опишам која карпа од човек е ова чупе, чекаме да се разбудиме од овој сон, не остави сите кога најмалку требаше, Господ ни го зеде ангелот кој со пари не се купуваше а повеќе не припаѓа на овој свет.
Им посакувам опоравување на другите три девојки од кои две се во тешка состајба, а за оној кој несовесно ја постигна оваа трагедија и го уби нашето чупе да заврши онаму каде што припаѓа.
Мартина, ти си нешто што со зборови не се опишува, нема збор во нашиот речник со кој можам да те опишам, храбра а толку мека, не бараше ништо освен љубов и внимание, најубава мистерија која некогаш постоела на овој свет, sвезда која ќе сјае на небото, ангел кој ќе сјае во рајот!
Почивај во мир душо моја најсакана! Со почит Фамилија Наумовски и Илијовски.