Екстремно топлото време во Македонија ќе продолжи и овој викенд, па така и температурите ќе бидат без поголеми промени во одност на оние кои ги имавме до вчера.
Токму поради ова, апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно во периодот од 11 до 17 часот, но и да пијат што повеќе течности, вели метеорологот Славчо Поповски.
– Од денес попладне нашата територија полека ќе подпаѓа под влијание на веќе споменатиот висински циклон кој се разви над Средоземјето.
Во овие околности, денеска доцна попладне и навечер можна е изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на покрупен град кој би можел да биде со пречник од 2 cм па дури и покрупен.
На повеќе места нестабилно ќе биде утре попладне и навечер и со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата, токму поради повеќедневниот екстремно топол бран од Африка, локално и на повеќе места процесите ќе бидат во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на крупен град со пречник од 2 cм па дури и покрупен од 2 сантиметри – прогнозира Поповски.
Тој апелира во случај на појава на силно невреме, граѓаните да бидат крајно внимателни и да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Во случај на појава на крупен град автомобилите да се заштитат.