Бебе починало додека било транспортирано со возило на Итната медицинска помош од Прилеп кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, објави порталот СДК, повикувајќи се на информации од СВР Битола.
Случајот во полиција бил пријавен вчера.
Бебето во болницата во Прилеп во тешка здравствена состојба го однела мајката Ф. Ј. (34), по што било транспортирано за Скопје.
Телото на починатото бебе е предадено на обдукција.