Апсењето на 219 осомничени за трговија со луѓе и идентификацијата на повеќе од 1.374 жртви, меѓу кои 153 деца, се резултатите од операцијата, која со поддршка на Европол, Фронтекс и Интерпол беше спроведена во 39 земји во светот. вклучувајќи ја и Македонија.
Акцијата под кодно име „Глобален синџир“ била спроведена од 3 до 9 јуни, а била насочена кон случаи на сексуална експлоатација, принуден криминал и питачење, објави Европол.
Во акцијата се идентификувани вкупно 362 осомничени, запленети се пари, уреди, откриени се 363 лажни документи, а покренати се над 276 нови истраги.
Една од целите беше да се идентификуваат и разбијат најопасните криминални мрежи активни во Европа, како што се мафијашки, етнички и семејни организации и други структурирани мрежи, кои се занимаваат со трговија со луѓе.
Во рамките на криминалните појави на сексуална експлоатација, принудно питачење и принуден криминал, органите на прогонот ставија посебен акцент на таргетирање на случаи во кои се вклучени деца како жртви. се наведува во соопштението на Европол.