Случајот добива пресврт? Тројца нови сведоци за убиството на Данка

Тројца нови сведоци ќе бидат сослушани на 5 јули во случајот на исчезнатата/убиена Данка Илиќ, потврдија за српските медиуми од Вишото јавно обвинителство Заечар.

Тие ќе бидат сослушани во врска со истрагата против осомничените Дејан Д. и Срѓан Ј..

 Неофицијално, еден од нив е државјанин на Бор, додека другите двајца се жители од Брестовачка бања

Покрај Дејан Д. и Срѓан Ј., во овој случај за убиството на девојчето, осомничен е и таткото на Дејан Д. поради сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде