Тешка сообраќајна несреќа, четири лица итно пренесени во болница

Четири лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи денеска на излезот од Охрид, во правец кон Кичево.

Според првичните информации, две возила излетале од коловозот, при што со повреди се здобиле четири лица. Истите биле итно пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Сведоци за порталот Скопје 1 информираат дека возач на автомобил марка „Голф“ кој учествувал во несреќата, бил заглавен во возилото.

На овој патен правец многу често се случуваат сообраќајни несреќи, чиј број се зголемува во текот на летната сезона.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде