Олуен ветер проследен со силен дожд и грмежи го зафатија Скопје повторно попладнево.
Како што најавуваа и од УХМР, моментално делови на Скопје се зафатени со ново невреме, па се препорачува граѓаните кои се најдоа на отворено веднаш да се засолнат на затворено, затоа што се очекуваат електрични празнење и поплавени улици.
Еве каква е ситуацијата во скопската населба Ѓорче Петров во моментов:
Од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливост на оние места каде се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд.
Извор: 24Инфо