Страотни сцени од скопското невреме: Автомобили пливаат во вода, паднати дрвја, откорнати покриви (ВИДЕО)

Невремето кое денеска попладне го зафати Скопје и регионот, донесе штети во неколку подрачја.

Особено изразено беше во северниот дел од главниот град, во Бутел, Чаир, Радишани, каде што наврна многу дожд. Така на едно видео може да се забележи како автомобил „плива“ во надојдената вода во скопски Чаир.

Во Сарај, пак, жителите беа сведоци на уривање на покрив на куќа, кој паднал, и за среќа во тој момент не поминувал никој, па причинета е само материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде