Важна информација за сите кои во моментот се во Грција: Стигна предупредување – ќе има силно невреме

По продолжениот топлотен бран, Грција во следните два дена ќе се соочи со силно невреме кое ќе биде придружено со силен дожд, невреме и град, соопшти Националната метеоролошка служба.

Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за промена на временските услови во Источна Македонија и Тракија.

Исто така, беше посочено дека најинтензивно невреме се очекува во четврток и дека невреме ќе има во претежно планинските предели во централниот и северниот регион.

Температурата само малку ќе опадне и ќе се движи околу 30 степени. Западно-северозападен ветер со исклучителен интензитет се очекува во Јонското и Китерското Море.

Во четврток невремето ќе стигне до северниот дел на Егејското Море и кон копното на Грција. Подрачјата кои ќе бидат зафатени се: Источна Македонија, Тракија, Халкидики, Тесалија, Споради, Стерија, Пелопонез и Евија.

На наведените места се очекува драстичен пад на температурите.

Предупредување за невреме е издадено и во Атика и Беотија.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат внимателни и да ги преземат сите заштитни мерки. Посебно предупредување се однесува на области каде што се очекуваат обилни врнежи, бури и силни ветрови.

Од петок се очекува разведрување и враќање на реалните летни температури кои се очекуваат за викендот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде