Страотна несреќа: Малолетник со тешки повреди итно пренесен во болница

На 03.07.2024 во 15:45 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Партизанска“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед,

управуван од малолетник од Радовиш и патничко возило „цитроен“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.П.(28) од Радовиш.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Штип.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде