Нов земјотрес во Македонија со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Македонија, а епицентарот на истиот е во близина на Охрид.
Земјотресот е на длабочина од десет километри.
Да потсетиме, сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, во 14 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 3.6.
земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, a со интензитет од III-IV според Европската макросеизмичка скала истиот е почуствуван во повеќе места од Охридско-Струшкиот регион, како и во дел од пограничните подрачја со Албанија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.