Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа околу 20 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Ресен кај село Куратица, дознава Курир.
Како што се дознава, во близина на месноста Прентов мост, од засега непознати причини дошло до судар помеѓу моторцикл и автомобил. Од здобиените повреди возачот на моторциклот починал.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски потврди дека се случила тешка сообраќајна несреќа и дека во тек е увид кој го врши сообраќајната полиција.
Повеќе детали за трагичниот настан тој најави за денеска.