Трагедија: Почина бебе кое го оставиле само во автомобил

Бебе починало вчера во Ротердам, откако било оставено во автомобил паркиран покрај патот, пишува NL Times.

Еден маж е приведен на местото на настанот, соопшти полицијата. Aвтомобилот наводно имал белгиски регистрации.

Пожарникарите, полицијата и медицинските лица пристигнале на местото на настанот околу 17 часот, по што го скршиле задното стакло од совозачката страна за да го извлечат детето. На помош е испратен медицински хеликоптер. Сепак, обидите да се оживее бебето биле неуспешни.

– За жал, детето починало, полицијата ги истражува околностите“, соопштија од полицијата.

Полицијата веднаш не откри како осомничениот бил поврзан со возилото и детето. Тој бил приведен во полициска станица каде требало да биде сослушан.

Во моментот кога детето било пронајдено во автомобилот температурата на воздухот била околу 20 степени. Под слични услови, температурата во кабината на затворено возило може да се искачи до 30 степени во рок од 10 минути, до 40 степени во рок од 35 минути и може да се приближи до 50 степени по 90 минути.

Ризикот од топлотен удар започнува кога температурата на телото ќе се искачи над 39 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде