На железничката пруга кај булеварот „Србија”, синоќа воз удрил човек на возраст од околу педесет години. Од ударот, тој починал на местото на несреќата.
Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Скопје.
Од МВР за МИА информираат дека во 20:20 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека пред надвозникот на бул. „Србија“ воз, кој сообраќал од Скопје кон Битола, удрил во машко лице кое починало на местото на несреќата.
Екипа на СВР Скопје извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.