Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност.
Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува девет.
Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигнува 40 степени.