Апсења во Карпош и Ѓорче, како и на границата „Ќафасан“

На 10.07.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок,

На 10.07.2024 во 18.35 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Х.(35) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја и нож.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 10.07.2024 во 21.15 часот во Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин Ќафасан го лишиле од слобода И.В.(34) од Р. Албанија, поради тоа што бил баран со распишана меѓународна потерница од Интерпол-Р.Грција. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Струга за понатамошна постапка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде