СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала утрово ги погоди Филипините

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала утрово ги погоди Филипините, покажуваат податоците на Националниот центар за земјотреси, јави ДПА.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 630 километри и се случил во близина на брегот на Минданао, вториот по големина остров на Филипините, соопшти центарот.

Геолошкиот институт на САД (УСГС) го лоцираше епицентарот на нешто помалку од 106 километри од брегот на Минданао. Засега нема информации за штети или жртви од земјотресот.

Филипините се наоѓаат на Пацифичкиот огнен прстен, кој е познат по својата висока сеизмичка активност, потсетува ДПА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде