Американската актерка Шели Дувал почина на 76-годишна возраст од компликации поврзани со дијабетес, објави нејзиниот партнер Ден Гилрој.
Дувал е родена во Тексас на 7 јули 1949 година, а актерската кариера ја започнала во раните седумдесетти години, кога добила улога во филмот „Bruster McCloud“ во режија на Роберт Алтман.
Потоа следуваа успешните улоги во филмовите:
„Мек Кејб и госпоѓа Милер“, „Крадци како нас“, „Нешвил“, „Ени Хол“ и „3 жени“, кои и ја донесоа наградата за најдобра актерка на Канскиот филмски фестивал.