Тримесечно бебе било малтретирано од персоналот на Детската клиника, тврди семејството

Тримесечно бебе кое престојувало на лекување на Детската клиника во Скопје било малтретирано од персоналот на клиниката, тврди „Порталикс“. 

Членовите на семејството на бебето се сомневаат дека тоа се случило како резултат на вербален конфликт што го имале во текот на денот на приемот со медицинските сестри.

Како што објави медиумот, наводно, сестрите биле нервозни бидејќи мајката и бабата на бебето не знаеле да комуницираат на македонски јазик.

Откако за случајот ги известиле директорот на Kлиниката и началникот на одделението, тие се обиделе да ги убедат родителите на бебето да не зборуваат пред камери, под изговор дека сестрите кои го малтретирале бебето ќе бидат казнети со предупредување, пишува медиумот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде