Апокалиптични сцени од неготинско: Пламените јазици се доближуваат до патот и се загрозени околу 150 куќи во Калањево

Алармантна е состојбата со пожарот кај Неготино, а пламените јазици се доближуваат до патот и се загрозени околу 150 куќи во Калањево.

Мештани кои се доброволно ангажирани околу гасењето на пожарот преку „Фокус” апелираат државата да направи се што е во нејзина можност за локализирање на пожарот, и надлежните институции да испратат што е можно поголема механизација.

Велат, доколку Македонија не може да се справи, да се бара помош од соседните земји, а не да се чека да изгори цела планина, но и населените места.

-На мала душа сме веќе, четврти ден се гаси. Огнот наближува до Калањево, 150 куќи се во голема опасност! Авионите да не заминуваат од овде, а ние веќе се бориме со се што располагаме. Во спротивно, ќе бараме одговорност од надлежните, се вели во нивниот апел.

Во телефонски разговор пак, дел од нив прашуваат зошто досега не се побарало помош во вид на воздухоплови од Србија, па и од Грција и Бугарија.

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, за ,,Фокус” вели дека двата ер трактори се уште гасат на Серта. Покрај овој голем пожар, активни се и други пожари низ земјава за кои е потребно гасење од воздух.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев пак, ја информира јавноста дека за утре рано наутро покрај луѓе се обезбедени два авиони, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна, со цел поголема ефикасност во гаснењето на пожарот во неготинско.

-На координацијата на Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, секретарот на Општина Неготино Марија Нацева, Стојанче Ангелов од ЦУК, како и командирите на ТППЕ Кавадарци и Неготино и ЈП Комуналец од Кавадарци и Неготино, за утре рано наутро покрај луѓе се обезбедени два авиони, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна, со цел поголема ефикасност во гаснењето на пожарот во неготинско-истакна Јанчев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде