Последна вест: Познато во каква состојба се малолетниците кои вчера во безсознание беа пронајдени во куќа во Скопје

Во свесна состојба се сите четворица малолетници кои вчера со тешка здравствена слика беа примени на Клиниката за токсикологија.

Директорот на Клиниката, Андон Чибишев утрово за Курир потврди дека децата се со стабилни витални параметри.

-Кај сите е докажано присуство на психоактивни супстанци. Не е докажано присуство на алкохол и немаат посериозни повреди, вели Чибишев.

Тие остануваат на Клиниката за токсикологија каде ќе продолжи нивното лекување и надзор.

Продолжува и истрагата за расчистување на целиот случај со малолетниците кои вчера во безсознание беа пронајдени во куќа во Скопје, а по пријава за нарушен јавен ред и мир.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде