„Алфа ромео“ излета од патот, млада девојка со тешки повреди итно пренесена во болница

На 13.07.2024 во 13.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Миладиновци, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(19) од с.Дорфолија, општина Лозово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.Б.(19) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле А.Н. и уште една малолетна сопатничка од Свети Николе, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, стои во соопштението на МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде