УХМР најави промена на времето – ЕВЕ КОГА

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена. UV=10

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Утре во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Промена на временската состојба се очекува од петок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде