За денеска најавено невреме – еве кои делови се очекува да бидат погодени

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (недела) продолжува екстремно топлото време во Македонија, но сепак, во попладневните часови очекуваме делумна дестабилизација на атмосферата.

Во западните предели очекуваме локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дел од оваа нестабилност можно е да се префрли и во останатите предели од државава, но таа ќе биде многу поретка за разлика од западните предели.

Не се исклучува и појавата на локално краткотрајно невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер, но и со услови за појава на град. Можност за краткотрајна нестабилност постои и во делови од Скопската котлина.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, во Скопје температурата денес ќе се искачи до околу 40, 41 степен.

Ув индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па така апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде