УХМР утрово со најнова временска прогноза: Еве кога ќе имаме промена на времето

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе достигне и до 43 степени, а УВ индексто ќе биде 10.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Промена на временската состојба се очекува од петок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде